Поддршка за отварање на специјализирани продавници кои што ќе се занимаваат со продажба на македонски вина во повеќе поголеми македонски градови, во туристичките центри, во хотелите, на граничните премини и аеродромите. Cтанува збор за локации каде има поголема концентрација на странски туристи. Bладата ќе финансира или ќе кофинансира отварање на вински продавници и вински штандови во три посебни категории и тоа: опрема, закупнина и нови работни места. Во однос на винските продавници, Владата ќе финансира опремување на продавниците во износ не поголем од милион денари по продавница, а за винските штандови износот не треба да биде поголем од 600 000 денари по штанд. Во однос на закупнината, Владата ќе финансира 50 проценти од вкупниот износ на закупнината, кој не смее да биде поголем од 30 000 денари по месец.
Поддршка за отварање на специјализирани продавници кои што ќе се занимаваат со продажба на македонски вина во повеќе поголеми македонски градови, во туристичките центри, во хотелите, на граничните премини и аеродромите, најави македонската влада.
Како што информираше во неделата портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев, станува збор за локации каде има поголема концентрација на странски туристи.
Тој истакна дека владата ќе финансира или ќе кофинансира отварање на вински продавници и вински штандови во три посебни категории и тоа: опрема, закупнина и нови работни места.
Во однос на винските продавници, Владата ќе финансира опремување на продавниците во износ не поголем од милион денари по продавница, а за винските штандови износот не треба да биде поголем од 600 000 денари по штанд.
Во однос на закупнината, Владата ќе финансира 50 проценти од вкупниот износ на закупнината, кој не смее да биде поголем од 30 000 денари по месец.
Во однос на новите работни места, Владата ќе го финансира вработувањето на четири лица за секоја винска продавница и за две лица за секој вински штанд.
Финансирањето на платите неможе да биде помало од 50 проценти од просечната плата, која во моментов изнесува околу 320 евра, а се остава можност и за поголем процент на финансирање, таму каде што тоа ќе биде потребно, напомена Ѓорѓиев
Еден субјект ќе може да аплицира најмногу за две вински продавници и еден штанд или за три вински штанда.
Новите продавници ќе бидат отворени во Скопје, Охрид , Прилеп, Битола, Штип, Тетово, Струмица, на аеродромите Александар Велики и Св. Апостол Павле, на граничните премини, во градската автобуска станица во Скопје, во Дојран и во Гевгелија, како и во зимските туристички центри.